Обама ќе има своја тв-емисија


Најпознатата платформа за стримање на филмови, серии и емисиии „Нетфликс“ е во преговори со поранешниот претседател на САД Барак Обама за изработка на телевизиска емисија.

Според пишувањата на „Њујорк Тајмс“, преговорите меѓу Обама и „Нетфликс“ се во напредна фаза, а поранешниот лидер на САД има намера да произведува ексклузивна содржина за оваа мрежа.

Форматот на емисијата и бројот на епизоди сè уште не се познати. Како што кружат гласините, Обама со неговата сопруга Мишел ќе треба да снимаат инспиративни приказни.