На погребот на Мекејн, неговата ќерка го го критикуваше Трамп


Вашингтон – Меган Мекејн, ќерка на неодамна починатиот американски сенатор Џон Мекејн, го искористи неговиот погреб да упати критики кон претседателот  на САД Доналд Трамп, со кого Мекејн честопати беше во конфликт и покрај тоа што и двајцата се од Републиканската партија.

– Собрани сме тука да тагуваме за заминувањето на американската големина, за вистинската величественост, а не ефтината реторика која доаѓа од луѓе кои никогаш во животот доброволно не се жртвувале и кои опортунистички живеат животи исполнети со привилегија додека другите страдаат и се борат, изјави Меган Мекејн при меморијалната служба на нејзиниот татко во Националната катедрала во Вашингтон. Меган Мекејн, која е позната конзервативна коментаторка, не го спомна претседателот Трамп по име, но се смета дека изјавата е јасно упатена кон него.

Џон Мекејн, син и внук на истакнати американски адмирали, помина шест години во виетнамски затвор откако неговиот борбен авион беше соборен во 1967 година. Неговиот спор со претседателот Трамп произлезе од критики кои Мекејн ги упати кон него за време на изборната кампања во 2016 година, по што Трамп возврати дека „повеќе сака херои кои не биле заробени од непријателот“. Мекејн му се одмазди на Трамп следната година, кога одби да гласа за предлогот на Трамп за укинување на здравствената реформа Обамакер, иако на републиканците им беше неопходен неговиот глас за предлогот да помине низ Сенатот.

Анимозитетот меѓу Трамп и Мекејн беше толку изразен што Мекејн побарал Трамп да не говори на неговиот погреб. Мекејн ги покани поранешните претседателот Џорџ В. Буш и Барак Обама да се обратат на говорот, и покрај тоа што двајцата му нанесоа тешки политички порази во неговите обиди да биде избран за претседател. Трамп денеска закажа партија голф додека траеше меморијалната служба во Националната катедрала, а претседателот беше обвинет и дека го скратил времетрањето во кое знамето над Белата куќа било спуштено на половина копје во чест на починатиот сенатор.

Мекејн почина од рак на мозокот во саботата. Неговото тело денеска ќе беше изложено во Ротундата на Сенатот на САД, по што утре ќе биде погребан во Воената академија во Анаполис.