Могерини го напуштила состанокот со Харадинај
Европската унија ја откажа закажаната прес конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај која требаше да се одржи по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација кој се одржува денеска во Брисел. Додека портпаролката на ЕУ надлежна за Западен Балкан, Маја Коцијанчич, вели дека причината за тоа е агендата, извори за Радио Слободна Европа дават поинакви толкување.
Според наводите на доверливите извори на РСЕ кои присуствувале на состанокот, атмосферата од почетокот била напната, а кулминирала кога премиерот на Косово Харадинај, наводно, инсистирал на посилно ангажирање на Соединетите Американски Држави во дијалогот.Истите извори тврдат дека високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини тоа го разбрала лично и нервозно го напуштила состанокот и не се вратила на него.