Лазаров го реши „својот“ Загреб
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го предводеше Нант во победата над Загреб во Лигата на шампионите. Хрватите водеа со 6-1 и 10-6, но потоа Лазаров го сврте мечот во корист на домаќинот за вкупни 23-20. Нашиот репрзентативец постигна пет погодока против својот поранешен тим.
По шест одиграни натпревари, Нант има половичен успех од три победи и три порази, додека Загреб има една победа, реми и четири загубени меча.