Крилото на Касами: Изборот на Гаши нема врска ни со БЕСА ни со Албанците


Крилото во БЕСА предводено од Биљал Касами го оспори конгресот на скопското крило на кој беше избран Африм Гаши за нов  лидер.

„Денешниот собир претставен како партиски Конгрес нема врска со Движењето БЕСА и нејзината легитимна и легална структура. Доволно е да се види целосната слика, за тоа кој од поканетите беше во првите редови, а кој во позадина, слободно може да се констатира дека таа група е едноставно собир на здруженија кои се диригираат само од еден центар кој нема врска, не само со БЕСА туку ниту со Албанците“, реагираат од тетовското крило.

Крилото предводено од Биљал Касами  закажа конгрес на БЕСА на 24 февруари во Скопје.