Кошаркарите на Гостивар го совладаа Кожув
Тимот на Гостивар го совлада Кожув со 70:69 во најнеизвесниот натпревар на стартот од новата сезона во Првата кошаркарска лига. Во меч со многу резултатски осцилации, гостите од Гевелија беа подобри во првите две четвртини, а во третиот период домаќините успеаа да израмнат.
Клучна за победата на кошаркарите на Гостивар беше последната четвртина, која ја почнаа со серија од шест поени и на крајот реализираа минимална победа од 70:69.
Во останатите натпревари од првото коло Куманово потешко од очекуваното го совлада Вардар со 85:77, а Фени индустри триумфираше над екипата на Пелистер со 86:68.
Актуелниот шампион Работнички со убедлива победа од 44:94 против АВ Охрид ја почна одбраната на титулата