„Коха“: Косово не е дел од планот за проширување на ЕУ
Во Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, што беше усовен во вторникот, Косово во ниту еден дел не се третира како дел од планот за проширување на ЕУ, оценува приштинскиот весник „Коха“.
Според весникот, Косово во стратегијата се споменува само во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, неговите меѓународни обврски во врска со Специјалниот суд за воени злосторства и за имплементацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација.
– Косово во евроипската стратегија е условено со активностите на Србија. Доколку Србија постигне договор за нормализација на односите и добрососедска соработка со Косово, тогаш и Косово може да напредува на европскиот пат, вели за „Коха“ политикологот Бељуљ Беќај.
Според него, не е точно дека во Стратегијата на Еврокомисијата Косово има ист третман како и другите држави од Западен Балкан.
– За жал, иднината на Косово зависи од активностите на Србија, додека судбината на Србија зависи од нејзината подготвеност да ги нормализира односите со Косово, додава Беќај.