Кина: Ако САД воведат трговски санкции, договорите веќе нема да важат


Доколку САД воведат трговски санкции за Кина, вклучително и зголемени царини за челик и за алуминиум, ниту еден трговски договор постигнат меѓу двете држави нема веќе да важи, соопшти официјален Пекинг.

Соопштението е објавено по разговори на кинескиот вицепремиер Ли Хе и американскиот министер за трговија Вилбур Рос.

Кина соопшти дека двете страни постигнале „позитивен и конкретен напредок“, но засега нема детали од разговорите.