Катица


Таа е Катица за сѐ.

Таа е силна.

Таа е независна.

Таа е самоуверена.

Таа никогаш не се жали.

Таа никогаш не се плаши.

Таа стои зад своите одлуки.

Таа размислува трезвено.

Таа знае да каже – доста!

Таа се чувствува добро во своја кожа.

Таа не ги крие годините ниту ги потенцира.

Таа не прифаќа туѓи стандарди, создава свои.

Таа е дрска кога треба.

Таа е сериозна кога треба.

Знае да биде нежна.

Знае да биде груба.

Со зборови да ве погоди, а некогаш молчењето кажува сѐ.

Со неа се чувствувате ко птица слободни или како во затвор.

Се плашите од неа или сте рамнодушни.

Изгледот некогаш знае и да излаже.

Жените и мажите ѝ завидуваат или ја мразат.

Ја фалат, или ја кудат.

Живееме во свет во кој жените се ко мажи, а мажите се ко жени.

Жените имаат м….  а мажите останаа п…

Сите бегаат од т.н. кучки, а мачо мажите добиваат функции и се подобро платени од способните жени.

Жените се чувствуваат моќни кога носат машки костуми, и мажите се чувствуваат моќно кога  носат златни синџири околу вратот и обетки на ушите.

Жените станаа кариеристки.

Мажите станаа врвни готвачи.

Жените се најбарани ко шефови.

Мажите се незаменливи ко асистенти.

Зад секоја успешна жена стои макотрпна работа или развод.

Зад секој успешен маж стои лоби или љубовница.

Жените избираат.

Мажите чекаат да бидат избрани.

Никој не прашува кај е претседателот.

Сите се интересираат што прави обвинителот.

Ова е време на измешани улоги, на изместени вредности, на патриоти и на предавници, на лузери и на победници…

Кој бил на врв, ќе го допре и дното, кој бил на дно, ќе се искачи на врвот.

Не случајно, високата потпетица е најубоито оружје и во филмовите и во реалноста!