Историчарите се поделија и околу минатото на Скопје


Градските власти нема да ја издадат Монографијата за Скопје, затоа што авторите не се согласуваат за содржината на четвртиот том. Градоначалникот Петре Шилегов вчера информираше дека локалната власт не сака да навлегува во конфликтот меѓу историчарите и ќе почека тие самите да го решат. Тој посочи дека проблематичниот период е оној после Втората светска војна и поновата историја на Скопје.

„Ќе отвориме процедура за усогласување на фактите во последниот том на монографијата на Скопје кои не соодветствуваат со вистината. Дотогаш нема да се печати“, рече Шилегов и нагласи дека во буџетот нема ниту предвидени пари за издавање на монографијата.