За субвенции аплицирање до вторник


Платежната агенција ги потсети фармерите дека до вторник е рокот за аплицирање за субвенции за растително и сточарско производство. До денес се поднесени 64.448 барања.

„Очекуваме уште 10 отсто од можните апликанти овие неколку дена да поднесат барања. Земјоделците не треба да го чекаат последниот ден за да не се создаваат гужви и нам како Агенција ќе ни овозможат во пократок рок да ги обработиме барањата за да можеме да ги исплатиме субвенциите“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Земјоделците можат да ги поднесат барањата електронски или во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.