Еуростат: Во ЕУ Бугарите со најниска минимална плата


Најниска минимална плата од 261 евро во јануари годинава во Европската унија има Бугарија, по што следуваат Литванија од 400 евра и Романија 408 евра, објави денеска Еуростат.

Генерално, минималната плата е помалку од 500 евра во земјите од источниот дел на ЕУ и над 1.000 евра во земјите од северозападниот дел на Унијата.

Предводи Луксембург со 1.999 евра месечно, Ирска со 1.614 евра, Холандија со 1.578 евра, Белгија со 1.563 евра и Германија и Франција со 1.498 евра.

Земјите на ЕУ без минимална плата се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.

Евростат посочува дека најголемата минимална плата на ЕУ е речиси осум пати поголема од најмалата.