Ердоган: Во последните 16 години во Турција не била ограничена слободата на која било етничка група
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека во последните 16 години не била ограничена слободата на ниту еден поединец, етничка или верска група во Турција, немало никакво мешање во нивниот живот, јави Анадолија.
Во обраќањето на церемонијата во Истанбул за отворање на централа на Фондацијата на турската младина, Ердоган истакна дека во последните години единствено се ограничило полето на дејствување на терористичките организации и нивните приврзаници.
Турскиот претседател вели рече дека во земјата се создала атмосфера во која никој не е дискриминиран поради изборот на облекување или надворешен изглед.
– Ние се обидуваме да кренеме бариерите меѓу нашите млади луѓе и нивните соништа, рече Ердоган.
Тој посочи дека турскиот народ се наоѓа во пресрет на нов период – период на заживување. Ердоган истакна дека ова е период кога треба да се реализира „идеалот за голема Турција”, појаснувајќи дека идеалот е поврзан со регионот, но категорично не е поврзан со експанзионизмот.