ЕК: Изјавата на Рама за заеднички претседател е несоодветна


Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, за заеднички претседател на Албанија и на Косово, за Европската комсија е несоодветна.

Ставот на ЕК го изнесе портпаролката Кетрин Реј, наведувајќи дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи.

– ЕУ очекува да продолжи изградбата на конструктивни и кооперативни односи низ целиот регион. ЕУ продолжи да ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион, истакна Реј.

Рама вчера од Приштина порача дека заеднички претседател на Албанија и на Косово ќе биде најдобар пример за единство на двете земји и оти тоа би можело да се реализира по десет години.