Грција ја поддржува Македонија да стане членка во Јадранско -јонската иницијатива
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, со допис до надлежните европски комесари, соопшти дека Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско –јонската иницијатива.
– Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, со допис до надлежните комесари за проширување, Јоханес Хан и за регионална политика, Корина Крецу, ја објави намерата на Грција да ја поддржи кандидатурата на ПЈРМ во рамките на стратегијата на Европската унија за Јадранско –јонскиот регион (EUSAIR), пишува во соопштението од грчкото МНР.
Во кусото соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција потсетуваат дека во иницијативата вклучени се Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, а соработка се реализира преку четири столба кои се однесуваат на синиот раст, односно растот во морските и поморските сектори, поврзувањето, односно транспорт и енергетика, животна средина и туризам.
Грчката поддршка за македонската кандидатура во Јадранско –јонската иницијатива, беше договорена и соопштена на средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, како една од двете отстапки што ќе ги направи официјална Атина