Во Автокоманда поставена еко зоната на „Нула отпад“
Во населбата Автокоманда во општина Гази Баба денеска се постави еко зоната на „Нула отпад“.
– Здравјето, односно здравата животна средина во која живееме сега ние, а во иднина и нашите поколенија е од суштинско значење. Со брзиот развој на технологијата доаѓа и до големи количини на електричен и електронски отпад кој иако навидум изгледа дека не би ја загадувал околината во која живееме, воопшто не е така, изјави градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски.
Рече дека токму со неговото несоодветно исфрлање и уништување доаѓа до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, а со тоа и загрозување на животната средина во која живееме .
Додаде дека со цел подигнување на свеста за оваа опасност, компанијата „Нула отпад“ организира разни акции со цел информирање на граѓаните за опасноста од електронскиот отпад, како и насочување на истите, како и каде би можеле да се ослободат од него.
Ги повика жителите на општина Гази Баба да се приклучат кон оваа акција, да го пријават електричниот и електронскиот отпад, но, и да се ослободат од малите неисправни уреди – батериите, фрлајќи ги во наменските садови поставени во Автокоманда.
Габаритниот електронски отпад може да се пријави на 070-236-000, а
екипите на Нула Отпад организираат директно собирање на отпадот од домовите на граѓаните