(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Судир меѓу полицијата и демонстрантите


Заменик-директорот на полицијата во Тирана и шест други полицајци беа повредени на протест во Тирана организиран од жителите на областа Астир за изградба на пат.

Имено, жителите на тој дел од Албанија се спротивставуваат на продолжувањето на проектот за патот „Голем прстен“ и бараат целосна компензација за уривање на куќите поради проектот.

Заменик-директорот на полицијата и шестмина полицајци, меѓу кои и една жена, беа повредени во обид да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на албанскиот парламент.

Демонстрантите фрлаа петарди и солзавец за време на протестот за време на судирите со полициските службеници. Тие организираа протест пред парламентот, каде што пратениците од владејачкото мнозинство го разгледуваа буџетот за 2019 година и на кој Сандер Леши треба да биде избран за заменик-министер за внатрешни работи на Албанија, објави албанската веб-страница „Албаниијан дејли њуз“.