Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев


Поранешниот македонски репрезентативец Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев.

Тој веќе тренира со тимот, а во тек е и комплетирањето на потребната документација за добивање на правото за настап во ПМФЛ.

Шиков е играч со богата меѓународна кариера, а во домашното првенство играше за Тиквеш, Победа и Работнички.

За македонската репрезентација настапи на 52 натпревари и постигна четири голови.