Бугарите претставуваат 2,8 отсто од населението во Брисел


Бугарските државјани претставуваат 2,8 отсто од странското население во Брисел, покажуваат статистичките податоци за главниот град на Белгија.

Најбројни меѓу странците во Брисел се Французите (15,2 проценти), по што следуваат Романците (9,2 проценти) и Мароканците (девет проценти). Податоците покажуваат дека граѓаните на ЕУ сочинуваат 66,3 отсто од странците во градот.

Граѓаните на Конго и Турција имаат подеднакво учество од 2,1 отсто. Од „остатокот од светот” се 20,3 отсто од странските државјани во белгискиот главен град.