Британскиот маратонец Фарах победи во Чикаго и постави нов европски рекорд


Британскиот атлетичар Мо Фарах победи на маратонот во Чикаго и на американско тло постави нов европски рекорд. Тој маратонот го истрча за време од два часа, пет минути и 11 секунди и го подобри неговото најдобро време за 70 секунди.

Втор маратонот го заврши Мосинет Геремев од Етиопија, а трет на целта пристигна Јапонецот Сугури Осако.Во женска конкуренција победи  од Кенија со време од 2:18:35