Барди му донесе победа на „Леванте“


Македонскиот репрезентативец Енис Барди со гол од слободен удар му донесе победа на тимот на шпански „Леванте“. Иако, Барди денеска не беше стартер и влезе во 46-та минута, сепак во 60-та минута со удар од далечина го постигна победничкиот гол на гостувањето во Мадрид против „Хетафе“.

„Леванте“ ја задржа предноста и од гостувањето си замина со победа од 0:1, благодарение на македонскиот фудбалер