Анкета: Над половина Срби се за употреба на воена сила на Косово


Секој трет граѓанин на Србија смета дека државата треба да употреби воена сила доколку косовските сили го окупираат северот на Косово, додека една петтина смета дека Србија треба преку дипломатски пат да ги одбрани Србите од Косово, покажува истражувањето на агенцијата Фактор плус.

Значително повеќе од половина од граѓаните, или поточно 63 отсто, веруваат дека замрзнатиот конфликт во моментов е најдоброто решение за косовското прашање, а секој втор смета дека статусот на Косово нема да се реши во наредните пет до десет години.

За конкретен договор меѓу Белград и Приштина, каде што и Србите и Албанците нешто би добиле или изгубиле, се 21 отсто од испитаниците, а за договор по секоја цена девет отсто граѓани- посочува агенцијата Фактор плус спроведена овој месец.

Според директорот на Фактор плус – Владимир Пејиќ останува нејасно зошто голем број граѓани се за замрзнат конфликт и дали причината за ова е непостоењето на други решенија или поради стравот кај нив.

Според истражувањето, дури 63 проценти од граѓаните се чувствуваат тажни за сегашната состојба во Косово, секој трет испитаник е налутен, а 15 проценти се чуствуваат разочарано.

Дека граѓаните не се премногу оптимистички настроени по прашањето на исходот од преговорите меѓу Белград и Приштина, покажува и тоа што 35 отсто од нив сметаат дека Србија нема да ги номализира односите со Косово, ниту ќе пак го признае Косово.

Според анкетата, 40 отсто граѓани сметаат дека како последица на непотпишувањето на договорот следи економска изолација, а 30 отсто се плаши од воен судир во Косово.

Над половина од граѓаните се изјаснија дека Косово го чуствуваат како своја земја, а 50 отсто сметаат дека не се подготвени да имаат последици по било кое прашање од нивниот живот со цел Косово да остане во Србија.

Според анкетата на Фактор плус, доколку утре би се одржале парламентрни избори во Србија, Српската напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ би освоила 55,3 отсто од гласовите, а цензусот би го поминала само уште Социјалистичата партија (СПС) на Ивица Дачиќ со 9,4 отсто поддршка.