Ако победи Хрватска во финалето, понеделник неработен ден во целата земја


Еден ден по финалето на Светското првенство во фудбалот во Русија, каде што се среќаваат Хрватска и Франција, во Хрватска можеби ќе биде неработен ден.

Претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ, прашан за тоа како ќе изгледа Хрватска в понеделник, рече дека премиерот ги повикал работодавците да им дадат на работниците можност да ги дочекаат репрезентативците.

„Ако станеме светски шампиони, постои идеја овој ден да биде неработен. Тоа ќе зависи од работодавците“, рече Јандроковиќ.