Адеми на земја, Динамо во облаци
Загреб е во еуфорија откако Динамо ја забележа втората победа во вториот настап во групната фаза од фудбалската Лига Европа. „Модрите“ промаршираа низ Брисел и го победија Андерлехт со 2-0. Стрелци беа Хајровиќ од пенал и Гојак. Загрепчани можеа да го декласираат белгискиот состав, имаа десетина шанси, така што домаќините, кои од 47. минута играа со фудбалер помалку, на крајот и се среќни со резултатот. За Динамо настапи македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
„Многу сме среќни. Ја остваривме целта и одигравме одличен меч. Покажавме гард како што Динамо мора да има и можевме да дадеме уште некој гол. Сакаме така да продолжиме. Благодарност до навивачите што беа со нас и ни пружија неверојатна поддршка“, изјави капитенот на хрватскиот првак.
Во вториот натпревар од групата, Фенербахче го победи Спартак Трнава со 2-0. На табелата води Динамо со 6 поени, Турците и Словаците имаат по три, а Андерлехт ниту еден.
Следува репрезентативна пауза, по што Динамо игра два натпревари против Спартак по што конечно може да го тргне „европското проклетство“ и по 48 години да презими во Европа.