Агуеро влезе во „клуб 150“
Аргентинецот беше стрелец за Манчестер Сити на денешниот дуел со Саутемптон што беше 150-ти гол во дресот на „граѓаните“.
На вечната листа пред него се Вејн Руни кој додека играше за Манчестер Јунајтед стигна до 183 погодоци и Тиери Анри како фудбалер на Арсенал со 175 голови.
Во Англиското фудбалско првенство само девет фудбалери имаат постигнато 150 голови или повеќе голови, а меѓу нив од денеска е и Агуеро.