Зошто Спилберг не е омилен кај Британската филмска академија?

Филмот The Fabelmans заработи само една номинација за БАФТА, за оригинално сценарио, но беше изоставен од категориите за најдобар филм и најдобар режисер


Еден од овогодинешните фаворити за најдобар филм доживеа удар во трката за Оскар.

Номинираните за наградите на Британската филмска академија беа објавени во четвртокот, а филмот на Стивен Спилберг „Фабелманови“ имаше изненадувачки слабо прикажување и покрај тоа што се сметаше за еден од главните кандидати за освојување на Оскар за најдобар филм.

Филмот заработи само една номинација за БАФТА, за оригинално сценарио, но беше изоставен од категориите за најдобар филм и најдобар режисер. Спилберг, всушност, не се најде ниту на долгата листа на БАФТА од 16 можни номинирани режисери. Секој член од актерската екипа на филмот, вклучувајќи ја и Мишел Вилијамс, исто така не успеа да заработи номинација.

Тоа беше пресврт на среќата за The Fabelmans откако филмот неодамна имаше одлична ноќ на наградите Златен глобус, освојувајќи ја главната награда за најдобар филм – драма и најдобра режија. Така, неговото неноминирање во главните категории на наградите БАФТА предизвика „прилично трансатлантско деградирање“, забележа Дедлајн.

Ова не значи дека The Fabelmans се на пат да ги пропушти главните номинации на Оскарите, а Британската академија изгледаше помалку ентузијастичка за Спилберг отколку за наградите на Оскар во последниве години. Неговите филмови The Post и West Side Story не беа номинирани на наградите БАФТА , но сепак заработија номинации за Оскар за најдобар филм. „Fabelmans ќе се снајдат подобро на Оскарите“, тврди уредничката на IndieWire Ен Томпсон.

Но, шансите на Фабелманови да победат за најдобар филм можеби добија удар со оглед на тоа што секој добитник на Оскар за најдобар филм во изминатата деценија беше номиниран за најдобар филм на БАФТА, со исклучок на CODA минатата година. 

Од друга страна, двајцата главни конкуренти на Фабелманови за најдобар филм, „Everything Everywhere All At Onе “ и „Banshees of Inisherin“ заработија по 10 номинации за БАФТА. Но, „All Quiet on the Western Front“ собра со 14 номинации, ставајќи го воениот филм на Нетфликс добро позициониран за наградата за најдобар филм кога номинациите за Оскар ќе бидат објавени на 24 јануари.