Зошто се посрамотив на концертот на Бисера Велетанлиќ?
Минатата недела бев на концертот на Бисера Велетанлиќ. Настанот беше организиран за мал број луѓе во еден белградски клуб, случајно дознав за тоа и бев многу среќнa бидејќи песните на Бисерa одбележаа некои важни моменти во мојот живот. Во исто време, пред десет години го пропуштив нејзиниот концерт, мислам дека беше во Сава центар и знам дека тогаш мислев дека ова е последна шанса, бидејќи таа тогаш имаше седумдесет години. Инаку, јас сум меѓу оние кои секогаш се на страната на постарите, мислам дека староста, дискриминацијата по возраст е многу опасна работа и доста глупава ако сме реални, со оглед на трендот на стареење на светската популација и проширувањето на животниот век, дури и во нашиот регион. Сепак, оваа година Бисера Велетанлиќ полни осумдесет години и морам да признаам дека пред концертот малку се плашев како ќе изгледа. Мисли од типот: дали ќе може да издржи, сепак, ова се сериозни години… Какво изненадување ме чекаше таму и колку се срамев од себе до крајот на концертот што дури и имав такви размислувања!
Линк до целиот текст тука