Зошто дел од луѓето се отпорни на корона вирусот
Студија, која проучувала двојки, каде двајцата партнери биле изложени на корона вирусот, а сепак само еден заболел од Ковид-19 помага во расветлувањето на дилемата зошто некои луѓе се отпорни на вирусот.
Научниците веруваа дека таквите случаи се ретки, но повикот до волонери кои оговараат на тој профил резултираше со јавување на илјада двојки.
На крај, биле земени примероци од крв од 86 двојки, за детална анализа.
Гените придонесуваат за активација на ткн. „клетки природни убијци“
Резултатите укажуваат на тоа дека резистентните партнери почесто имаат гени кои придонсеуваат за поделотворна активација на таканаречените клетки природни убијци, кои се дел од почетниот одговор на имуносниот систем на микроорганизми.
Кога тие правилно ќе се активираат, може да ги препознаат и да ги уништат заразните клетки, спречуваат развој на болеста, објаснија научниците во студијата објавена во магазинот „Граници на имунологијата“.
Оваа студија не може да докаже дека тоа се случува
„Нашата хипотеза е дека геномските варијатни кои најчесто се наоѓаат во сопружникот подложен на инфекција доведуваат до производство на молекули кои ја инхибираат (спречуваат) активацијата на природните клетки убијци“, вели водителот на студијата Мајана Зац од Универзитетот Сао Паоло во Бразил.
Но, оваа студија не може да докаже дека тоа се случува, додава таа.
Дури и ако тој заклучок се потврди со повеќе истражувања, би требало да се истражи и придонесот, односно влијанието на други имунисни механизми, велат научниците.