Зоран Милановиќ со поддршка за Пендаровски: Тој е вистинскиот човек за Македонија (ВИДЕО)
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во специјална видео-порака на Фејсбук пред вториот круг на претседателските избори му даде поддршка на Стево Пендаровски, нарекувајќи го „мојот пријател Стево“.
Милановиќ вели дека на Македонија ѝ треба претседател кој ќе биде гласот на нејзините граѓани, заштитник на нивните права и бранител на државните интереси. Тоа се тешки задачи, „а Македонија има таков човек за нив, тоа е вашиот претседател и мојот пријател Стево“.
Хрватскиот претседател вели дека во изминативе години имале многу средби и разговори со Пендаровски и, според него, најголема желба на Пендаровски е да ја внесе Македонија во ЕУ. Милановиќ вели дека ЕУ и некои наши соседи не биле праведни спрема нашата земја. Добивте малку, а заслуживте многу повеќе.
Македонија и во наредните пет години да ја води човек како Стево Пендаровски, вели во пораката Зоран Милановиќ.