„Знам“- Калиопи сними дует со Жељко Самарџиќ (видео)
Поп-ѕвездата Калиопи Букле и српскиот пејач Жељко Самарџиќ четири децениското пријателство го крунисаа со дует наречен „Знам“, а денеска во Белград се одржа промоцијата на истиот.
Текстот за песната го напиша нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил кој е воедно и композитор на музиката и аранжер, а додека зборувала за создавањето на песната, Калиопи дури и се расплакала, бидејќи како што вели оваа песна буди посебни емоции.
Во интервју за насобраните медиумски екипи, пејачката открила дека оваа песна е посебна, пренесува „Екран“.
– Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“, почнала Калиопи со солзи во очите и додала:
„…Оваа песна ме успори малку и тоа навистина ми требаше. И јас во последните неколку години, како и сите ние, доживеав работи кои не натераа да размислуваме за себе и за другите. Да споделиш песна со некого е да споделиш душа“.
Песната и спотот ќе бидат промовирани и во Скопје, на 25 април 2023 (вторник) во 12 часот во „АудиоКултура“ во нас.Тафталиџе.