Злокуќани со нов задоволителен водовод


Реализиран уште еден проект за реконструкција на водоводната мрежа, проект од големо значење за граѓаните со чија реализација трајно се решава проблемот со водоснабдувањето за жителите во населеното место Злокуќани. 
 
Изведбата на проектот преставува реализација на дел од програмата за обновување на градската водоводна мрежа, при што се овозможува квалитетно водоснабдување во децениски заборавените населени места. Со градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Скупи 5 во општината Карпош, целосно е сменет незадоволителниот профил на старите цолови цевки и се поставена е нова водоводна мрежа со профили кои соодветни на потребите на локалните жители. 
 
По инсталирањето новата водоводна мрежа несоодветната инсталација се напушта, а воедно и целосно е реконструирана улицата, при што се поврзуваат постоечките корисници и споредната мрежа со главната водоснабдителна мрежа на магистралната улица Скупи.