Златен глобус 2023: Дијамантите се најдобри пријателки на ѕвездите (фото)


САД- „Златен глобус“ не е Ноќ на Оскарите, но, најдобрите во Холивуд во Беверли Хилтон во Лос Анџелес се појавија и се покажаа со најпрефинетиот накит на црвениот тепих на 80-доделување на наградите на Здружението на акредитирани новинари во Холивуд. Имаше многу блескави дијамантски ѓердани, многу сјај и гламур. Како што модните дизајнери се натпреваруваа за тоалетите, така и златарниците водеа битка да позајмат вреден накит на што повеќе ѕвезди. 

Ријана во тоалета „Скјапарели“ и со накит Картие
Мишел Јо во Армани и накит Мусаиф
Хилари Свонк во Прада и со накит Тифани
Џејми Ли Кертис во тоалета на Сафија и накит на Кети Вотерман
Марго Роби во тоалета и накит на Шанел
Хајди Клум во тоалета на Германие и накит на Лорин Шварц
Анџела Бесет во тоалета на памела Роланд и со накит Шопар
Салма Хаек во тоалета на Гучи и накит на Бушерон
Лили Џејмс во Версаче и со накит на Хари Винстон
Селена Гомез во валентино и со наките Дебеерс
Мишел Вилијамс во Гучи и со накит Тифани Викторија
Ања Тејлор-Џој во Диор и со накит Тифани
Џена Ортега во Гучи и со накит Тифани