Жоан Лапорта: Се надевав дека Меси ќе игра за „Барса“ за без пари
Претседателот на „Барселона“, Жоан Лапорта изјави дека се надевал оти големата sвезда Лионел Меси ќе остане без пари.
Во текот на летото, Каталонците направија напори да го задржат аргентинскиот напаѓач, но поради правилата на Ла Лига и поради нивната финансиска состојба, не можеа. Меси потоа ја прифати понудата на ПСЖ.
„Го сакам премногу за да му бидам лут. Но, доаѓа време кога ќе видите дека тоа не може да се случи, има разочарување кај двете странии. Тој сакаше да остане, но имаше и притисок од понудата што ја доби. Меси ќе остане заметен во Барса како најдобар играч во историјата на клубот и јас би сакал да ја задржам таа идеја “, изјави Лапорта, цитиран од „Марка “.
„Се покажува дека тој имал понуда од ПСЖ пред да замине од Барса. Се надевав дека ќе има промена и тој ќе рече дека ќе игра бесплатно, но не можеме да мислиме дека играч на ова ниво ќе го стори тоа“, нагласи Лапорта.
Тој рече дека тренерот Роналд Куман останува и покрај неубедливите резултати. „Барселона“ е деветта со 12 бода, и има пет помалку од лидерите „Реал Мадрид“, „Атлетико“ и „Реал Сосиедад“, но има натпревар помалку.
Претседателот на Барселона изјави дека клубот има план за опоравување. Според него, новиот стадион ќе биде извор на приход и затоа треба да се искористат сите можности, вклучително и склучување спонзорски договор за неговото име.