Живот со „Панасоник“ во „паметен“ дом и со кафе што ќе ви го свари компјутерот


Ѕидови и плакари што зборуваат, дигитална домашна помошничка што ќе ви помогне да сварите чај или  кафе, дигитално огледало што ќе ви каже како сте денес и колку ви е притисокот, плакар што ќе ги отстранува вирусите и ќе ви мери колку ви е дома загадувањето, домашно милениче – роботче што ќе ви ги носи торбите и ќе ви прави друштво на шопинг турите…тоа е најблиската иднина, веќе до 2030 година што ја подготвува јапонската компанија „Панасоник“ под мотото „апдатирајте го вашиот животен стил“.

Во комуникацискиот центар на „Панасоник“ во Токио, по повод стогодишнината на компанијата, е презентирам овој град на иднината со кој се најавува нова еволуција во мобилноста. И не станува збор само за проект, туку за вистински креиран дом во кој повеќе време ќе поминете во разговор со дигиталната помошничка отколку со сопругот, во кој веќе нема да живеето со компјутерот – туку ќе живеете во компјутерот. Целиот стан всушност ќе ви стане еден невидлив интернет,  масата  нема да ви служи само за јадење туку и за многу повеќе, огледаото нема само да ви покажува како изгледате туку и ќе ве „облекува“, „шминка“, советува….Во фасцинантниот изложбен салон на најдиректен начин ви е преставена ваквата иднина.

Па, така, домот нема веќе да би биде стан туку како што го нарекуваат овде “wonder life box”. Вратата на станот нема да ја отворате вие, туку камерата над неа која ќе ве препознае. Испораката на нарачка нема да ја дочекате вие, туку со специјалниот код доставувачот ќе ја остави во вид дигитален сеф вклопен како дел од вратата. Не морате ни сами да си ја нарачате храната, бидејќи дигиталата куќна помошничка ќе го стори тоа преку интернет, а вие само треба да и порачате што ви е планот за ручек денеска. „Софија, сакам една шолја чај, што има на располагање“, е порака за симпатичната дигитална помошничка да ви стави соодветно количество вода во садот за варење, да ви соопшти каков чај имате, да ви ја активира плочата за загревање и да ви го свари бараното. Нејзината појава е симпатична, гласот и е пријатен и нема да ја чувствувате како натрапничка туку како пријател. Притоа нема ни да правите разлика што е маса а што е шпорет за готвење, а секој продукт ставен на „дигиталната плоча“, како на пример вино, ако не е за загревање, на дисплеј е пропратен со информација околу потеклото, составот, па и со слики за атмосфера.

Просторот каде што ги чувате обувките и облеките исто така е под дигитална контрола, а компјутерот не го ни гледате. Тој се грижи во него да исчезнат вирусите, да биде соодветна внатрешната температура, па и ќе го подобрува воздухот внатре. Ѕидот во трпезријата ќе ве информира  за важни случувања додека  престојувате, па така може да ви соопшти дека има на пример земјотрес.

Место лустери ќе бидете опкружени со ненападни микрофони, камери и скрин плејери. Ако го ставите ајподот на масата во дневната соба, таа веднаш ќе ја преземе неговата функција и фотографиите од него ќе ги проектира на себе, а потоа и на ѕидот пред вас, претворајќи го дневниот простор во огромен екран. Ако ставите книга за читање на масата, автоматски ќе се запалат светлата за да имате поголема видливост. Спалната соба, пак, ќе се претвори во простор за релаксација. Компјутерот ќе ја регулира светлината, а таванот кога ќе ја спуштите главата на креветот ќе се претвори во отворено небо со звезди и месечина. Ќе спиете како да сте надвор во природа.

Купатилото е посебна приказна. Ако застанете на одредено растојание од него, тоа ќе ве скенира целосно со радар, ќе ви го измери притисокот, ќе ви направи ЕКГ на срцето, ќе ви ја каже тежината и други физиќки информации, па и чекор подалеку – ќе ви го каже расположението, дали сте уморни и ненаспани…Во него ќе добете и днвна светлина како низ гранки од дрво иако купатилото нема прозорци. Волшебното огледало ќе покаже кои бои облека најдобро ви одговараат па и како да се нашминкате во зависност од тоа дали станува збор за вечерно излегување, забава или бизнис прилика.

Надвор од домот ќе биде исто така вобудливо. Освен димашното милениче- робтче што ќе носи тешки работи за вас, се спрема и еволуција во движењето. Возовите ќе станат е-возови,како и метроата, автомобилите, па прозорците ќе се користат и како компјутерски екрани, т.е. скрин плејери. Додека се возите ќе можете да си нарачувате видео разговори со членови од семејството или бизнис партнери, ќе можете да си нарачувате на пример цвеќе, па и да барате компјутерот да ги избере комбинациите. Автомобилите ќе бидат без возач, а компјутерот ќе се грижи за атмосферата внатре, каква да биде музиката, каков да биде воздухот, дали треба освежувач и слично.

Ќе им олесне и на тие што треба да извршуваат тешка физичка работа, бидејќи ќе има робот платформа која ќе подига и носи тешки товари место нив. На шалтерите во институциите, граничните премини и слично ќе ве дочека паметно стакло, па и да зборувате кинески, невидливиот компјутер ќе ве преведе гласно на локален јазик. Или поедноставно секој од двете страни на шалтерот ќе си зборува на јазикот што го познава, а стаклото компјутер ќе им ја олесни комуникацијата со превод.

Идејата е технологијата да се доближи уште повеќе до потребите на човекот и да му го лесни животот, според девизата на компанијата „Подобар живот, подобар свет“. На прашањето , а што ќе работиме ние, одговорот беше – ќе одмориме. Овој изложбен центар инаку го посетиле досега 12 милиони луѓе  и ќе биде дел од пропратните манифестации за олимпијадата во Токио идната година. „Панасоник“ е една од водечките компании за висока технологија, автомобилизам и технолошки решенија во Јапонија која вработува дури 270.000 луѓе и вклучува во себе дури 572 компании.Со триесет компани е присутна и во Европа, а најблиску до нас има фабрика во Србија. Профитот годинава е проектиран на фантастични 64 милијарди евра.

Слободанка Јовановска специјално од Токио