Жителите на Гренланд денеска гласаат за нов парламент


Нук – Жителите на Гренланд, територија што е дел од Данска, но ужива автономија, денеска гласаат за нов парламент.

Избирачките места ќе бидат отворени во 11 часот по Гринич и ќе бидат затворени во 22 часот.

Излезни анкети нема да има, а официјалните резултати се очекуваат на 12 март.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Гренланд, право на глас имаат околу 40.500 од 57.000 жители на островот.

На последните општи избори во 2021 година гласаа околу 27.000 жители на Гренланд.

Во Парламентот на Гренланд има 31 место, а за мнозинство се потребни 16 пратеници.