Жителите на Центар преку анкетен прашалник ќе учествуваат во подготовка на програмите за работа
Почнувајќи од денеска, жителите на Општина Центар ќе може да учествува во донесувањето на одлуки на локално ниво и да учествува во подготовка на програмите за работа и на буџетот на Општината за 2021 година.
Од Општината информираат дека заради актуелната ситуација во Ковид-19, форумите ќе се реализираат електронски со пополнување на анкетен прашалник на веб страницата на Општината и преку онлајн состаноци на платформата ZOOM.
– Одговорите на нашите граѓани имаат особено значење при креирањето на општинските програми за работа. Затоа, целта на овие форуми и консултативни процеси е зголемување на учеството на граѓаните во креирање на локалната политика. Би сакал да ги охрабрам сите граѓани да земат учество во процесот на донесување одлуки и преку заеднички процес да се вклучиме во креирање на транспарентна локална самоуправа, вели градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.