Жителите на Бирарија во скопска Кисела Вода добија нов парк


Жителите на Бирарија во скопска Кисела Вода добија нов парк. 

Се работи за парк на улица ,,Антон Попов” (Огњан Прица) на која овој до вчера заборавен простор го преуредивме во ново катче кое ќе понуди содржини за сите генерации. Го уредуваме со парковско зеленило и дрвца.Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече добиваат ново детско катче, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во новиот летниковец и урбаната опрема која ќе ја понуди ова место, порача првиот човек на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. 

 

Нјаваи дека ќе следи и хортикултурно уредување за поубав изглед. 

– За скоро време, мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање! – објави градоначалникот.