Жителите на Белорусија извлекле една милијарда долари од банките од почетокот на протестите
Во август, жителите на Белорусија извадиле од банките околу 1,013 милијарди американски долари – 624 милиони долари од банкарски депозити во странска валута, 704,6 милиони белоруски рубли – од преносливи и 270,8 милиони рубли – од орочени депозити. Ова произлегува од податоците на Народната банка на земјата, а ги објавува „Форбс“.
Во јули, одливот изнесуваше 55,3 милиони американски долари и приближно 113,6 милиони белоруски рубли.
На крајот на август, телеграмскиот канал NEXTA напиша дека снемува валута во менувачниците во Белорусија. Аналитичарот Леонид Злотников истакна дека станува збор за ситуациски прекини.
Протестите во Белорусија траат од 9 август, кога во земјата се одржаа претседателските избори. Демонстрациите се придружени со штрајкови на најголемите претпријатија во земјата. Некои граѓани почнаа да ги бојкотираат производите на „провладини“ и државни деловни активности и одбиваат да плаќаат даноци и комунални услуги.