Жесток напад на Пленковиќ врз Милановиќ

Хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ не штедеше зборови во нападите против претседателот Миланови. Го нарече лажен десничар - дека го украл изборниот слоган на Туѓман


Андреј Пленковиќ призна дека резултатите од првиот круг се многу непријатни за ХДЗ

 

Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, во понеделникот изјави дека неговата парија не е задоволна од резултатите од првиот круг на претседателските избори, на кои нивниот кандидат Драган Приморац освои едвај 19,35 отсто од гласовите.

Андреј Пленковиќ зборуваше што понатаму во претседателската трка.

„Денес започна вториот круг, кампањата продолжува, ќе му дадеме целосна поддршка на Драган Приморац, очекуваме дека ќе има многу повеќе простор во медиумите во следните две недели. Веруваме дека ќе има дебата и дека јавноста дури сега ќе го види целосниот потенцијал на Приморац. Секако, ХДЗ не е задоволна од резултатите бидејќи тие се нешто пониски од анкетите, додека резултатот на Зоран Милановиќ е повисок“, јави Н1.

 „Милановиќ доби голема поддршка во сите жупании, градови, општини, добивме поддршка во 61 единица на локална самоуправа, што е малку, особено во годината во која убедливо победивме на изборите за хрватскиот парламент и за европските избори. Имаше дисперзија на гласови, никој не го поддржа освен Ивана Кекин (Можеме), која и пред изборите се договори со Милановиќ, тоа на сите им е јасно. Континуитетот на левата и десната политика продолжува. Левицата ќе му прости на Милановиќ и ќе толерира секаков отпор на десницата и ќе продолжи да го слави како свој, а кога јас ја водам ХДЗ и кога ќе победиме и ќе ги земеме гласачите на центарот, тогаш екстремната десница возвраќа со атентат на Бански Двори (седиштето на владата)“, додаде Пленковиќ.

Премиерот уште еднаш ги предупреди гласачите дека не е добра идеја да гласаат за политиката на Зоран Милановиќ.

„Милановиќ оди во вториот мандат и го копира Фрањо Туѓман и не наведува ни две цртички од неговата програма и со тоа ги потценува гласачите, плагира и го наследува своето неработење. Смешно ми беше да ги слушам коментарите дека тоа е резултат на работа, би сакал да видам каква работа“, рече тој.

Тој ја коментираше изјавата на Милановиќ дека е подготвен да ѝ подаде рака на владата: „Тоа е еден вид маскирање и политичка демагогија што произлегува од оваа валкана игра ,бидејќи тоа што му е дозволено нему не му е дозволено на никој друг. Да го направеше некој она што тој го направи во април како претседател, а да беше од ХДЗ, ќе го смачкаа медиумите, коментаторите ќе го изџвакаа и ќе го исплукаа, но овде не. Медиумските аналитичари утрово се разбудија да пишуваат за триумфот на Милановиќ, сличен третман не видов ни кога победивме на парламентарните избори“.

„Приморац беше нападнат и од левицата и од екстремната десница, жестоко, систематски, од самиот почеток на кандидатурата. Ова е вообичаен третман што го добиваат кандидатите на ХДЗ. Драган ми рече: ‘Слушај, не знаев дека е вака. Условите во кои победувате се вистинско чудо’“, продолжи Пленковиќ, пренесува Н1.

Тој рече дека сите од десницата дошле подготвени да украдат гласови од Приморац.

Никој друг не сакаше и никој друг веројатно немаше да биде подобар. Драган сакаше, беше министер, отиде на избори, научно е реализиран како и претприемачки. Има меѓународни контакти. Ако тој не е кандидат, не знам кој е“, рече Пленковиќ и додаде дека ќе беше посреќен доколку имаа подобар резултат.

Зборувајќи за тоа дали поразот силно го погодил, тој рече дека тоа е извртена реалност. „Ниту сакав да бидам претседател, ниту ја водев оваа кампања, која ја водеше самиот нашиот кандидат Драган Приморац. Ние сме уверени дека тој е подобар за Хрватска од Милановиќ“, рече тој.

„Како што Шкоро беше засаден како кандидат да и ги земе гласовите на Колинда, така и овие четворица-петмина беа подметнати за да одземат од Приморац. Кај десничарскиот електорат постои една чудна теза која го доведува во прашање дали ХДЗ е доволно десничарска. Ајде да ја излупиме бананата. Во кои теми ХДЗ не е доволно десно? Во однос на црквата, полицијата, миграциите…?, продолжи Пленковиќ.

Тој рече дека во партијата нема забелешки дека не се премногу десничарски. „Милановиќ е лажен десничар“, рече тој и уште еднаш повтори дека Милановиќ нема програма, има плагијат слоган, нема достигнувања и потоа луѓето гласаат за него.

Запрашан која е тајната на Милановиќ, тој рече дека нема никаква тајна. „Луѓето мислат дека тоа што го кажува е вистина, дека ги брани луѓето од ХДЗ, кој верува во тоа, нека му е среќа“, рече низ насмевка Пленковиќ, наведува Н1.