Жерновски: Лажните патриоти во владата со бугарски пасочи го штитат македонскиот идентитет
Во Македонија сега владее Влада во која има лажни патриоти со бугарски пасоши. А во исто време наводно треба да го чува македонскиот национален идентитет токму од Бугарите, изјави денеска на прес-конференција членот на Извршиот одбор на СДСМ, Андтреј Жерновски.
„Чии интереси ги застапуваат тие? Македонските или бугарските интереси?
И така, една по една, сите предизборни лаги на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на површина.
Имаме чувство дека сите тие граѓани коишто се излажани сега имаат непријатно чувство и дека не би ја добил истата доверба кога повторно би одел на избори, а да знаат за што гласаат“, рече Жерновски.
Тој нагласи дека кога СДСМ побара законот за двојно државјанство да важи за сите за сите избрани и именувани функционери, а не само за пратениците, односно за целата влада, дојде до ретерирање.
„Во средата премиерот беше лажен комита Христијан којшто ќе се бори за македонските интереси. Во четвртокот стана Мицкоски – уставобранителот лажен.
Се поставува прашањето – не можеа ли да ги консултираат своите уставни експерти за законот пред да биде поднесен?
Да не нè чуди да се повлече целиот закон, затоа што не може Мицкоски и целата партија да објаснат како тоа законот да важи за оние коишто се во Собранието, за пратениците, а да не важи за неговите министри.
Или можеби една од причините зошто ќе се повлече ова законско решение е и поради Груевски – колку што слушнавме, освен унгарски пасош добиен од Орбан, поседува и српски пасош добиен од Вучиќ.
Го дознавме и нивниот план за евроинтеграциите. Така, сега можат да влезат во Европската унија само граѓаните коишто имаат бугарски пасоши. Што се однесува до голем дел од членовите на Владата, тие веќе се во Европската унија, затоа што имаат бугарски пасоши“, рече Жерновски и им се обрати на членовите на ЗНАМ.
„Сакаме да се обратиме и до членовите на ЗНАМ, за кои знаеме дека беа излажани и манипулирани, дека не знаеле во тој момент дека партијата е формирана само за да му наштети на СДСМ, ништо друго.
Бидејќи тие што гласаа за ЗНАМ сигурни сме дека немаше да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ниту да ја формираат таа партија доколку знаеа дека целиот тој проект служи за измама“, нагласи Андреј Жерновски.