Жељко Јоксимовиќ со концерт во Охрид на 3 август
Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ ова лето доаѓа во Охрид, со уште еден во низата на успешни концерти.
Како што ни соопштија организаторите – Прагма Продукција, концертот е закажан на 3-ти август 2019 год., на стадионот “Билјанини Извори”.
“Ја обожавам македонската публика, едвај чекам да настапам во прекрасниот Охрид. Неверојатно е чувството да настапиш пред десет илјади публика која во еден глас ги пее сите твои песни, дефинитивно ќе биде една незаборавна ноќ! Затоа ќе ги поканам сите да се придружат и ќе им ветам дружба и забава која не била приредена подолго време!”
Билетите се веќе во продажба.
Балканската поп-ѕвезда Јоксиновиќ, лани, во декември одржа концерт во Македонската опера и балет во Скопје.
Мајсторот на добрите забави, кој преклани, ја наполни арената „Борис Трајковски“, а во 2016 одржа и три последователни концерти во МНТ, ги израдува Скопјани со два концерти во иста вечер, со традиционалниот преднововогодишен проект “Два Света”. Пееше џез и свинг-преработки на негови, (и една нова “Мењај песму”) и песни од колеги од поранешна Југославија, а преубавата и магична вечер ја почна свирејќи хармоника.