Ждрепка за Вимблдон: Дуел Ѓоковиќ – Алкараз е можен само во финалето


Денеска е одржана ждрепката за тенискиот Грен Слем Вимблдон, а дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз би можел да се случи дури во финалето.

Србинот за прв ривал од носителите би требало да го има Томас Ечевери од Аргентина, а во осминафиналетоби го чекај Холгер Руне. Во евентуалното 1/4 финале би се сретнал со Хуркач, а ако се биде како што  треба, ривал на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе треба да му биде Зверев.

Седумкратниот освојувач на „Вимблдон“ имаше одлична жрепка, бидејќи во вториот дел од костурот заедно со Алкараз се Јаник Синер и Данил Медведев, па пред финалето не може да игра ни против Италијанецот или Русинот.

Ривал на Србинот во првото коло ќе биде Чех Коприва, 111 тенисер на АТП листата. Доколку Србинот помине, во второто коло би го чекал подобриот од дуелот меѓу Џејкоб Фирнли (Велика Британија) и Алехандро Моро Канас (Шпанија). Томаш Мартин Ечевери од Аргентина е најреалниот потенцијален ривал на Ѓоковиќ во третото коло.

Потенцијален ривал на Ѓоковиќ во осминафиналето е Данецот Холгер Руне, Хуберт Хуркач во четвртфиналето, а Александар Зверев или Андреј Рубљов во полуфиналето.

Бранителот на титулата Алкараз во првото коло ќе игра против Естонецот Марко Лијал, додека во евентуалното второ коло ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Александар Вукиќ и Себастијан Офнер.

Италијанецот Јаник Синер, најдобриот тенисер во светот, во првото коло ќе игра против Јаник Ханфман од Германија. Веќе во вториот круг, Синер би можел да оди против сонародникот Матео Беретини.