Жаре Бербер се враќа на екраните со „Галама шоу“

Пејачот и шоумен по десет години се вража на екраните со „Галама шоу“, на Канал 5. Засега не се откриваат деталите за премиерата и гостите.
„Ќе креваме галама со највлијателните личности од светот на музиката, филмот, спортот, па и политиката. Македонската, балканската и светската естрада ја носиме во вашите домови.Ќе вмешаме прсти во животите на познатите пред и зад камерите, но и нескромно ќе кажеме дека ќе ги поместиме границите на естрадата во Македонија, затоа што не следиме трендови, туку ги креираме. Подготвени сме да ја вратиме вашата доверба и да ви обезбедиме вистинска забава, онаква каква што одамна недостасуваше, се вели во соопштението до медиумите.