Зголемувањето на минималната плата е оправдано според сите факти и споредби: ССМ со обраќање до јавноста и до пратениците


Сојузот на синдикатите на Македонија на 03.03.2025 година до Претседателот на Собранието и Координаторите на пратеничките групи достави Предлог за минимална плата, по кој, две пратенички групи, односно две политички партии веќе доставија Предлози за зголемување на минималната плата кои за работниците од неразбирливи причини беа одбиени парламентарното мнозинство, се вели во денешното обраќање до јавноста на ССМ. Во соопштението понатаму се вели:

„На барање на работниците, Сојузот на синдикатите на Македонија, на седницата на Економско – социјалниот совет одржана на 30.07.2025 година повторно го актуелизираше ова значајно прашање за работниците и за нивниот животен стандард.

Сметаме дека од доставувањето на Предлогот за минимална плата од 03.03.2025 година до денес, има многу причини за дополнително ( вонредно ) зголемување на минималната плата и тоа:

• Прва причина е тоа што вредноста на синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година кога истата изнесуваше 57.163 денари, до јануари 2025 година кога истата изнесуваше 63.252 денари, е зголемена за 6.089 денари, а по завршување на мерките на Владата истата е зголемена за дополнителни 2.202 денари или на едно семејство му недостасуваат околу 150 евра за овозможување на најосновните услови за живот.

• Втора причина е тоа што 55,7 % од граѓаните односно работниците во Македонија според податоците на Евростат не можат да си дозволат годишен одмор во траење од 7 денови, ниту во бунгалов во Дојран.

• Трета причина е тоа што минималната плата во Македонија е најниска во регионот, па така минималната плата во Србија од месец октомври ќе изнесува 500 евра или за повеќе од 100 евра од минималната плата во Македонија, минималната плата во Босна и Херцеговина веќе изнесува 511 евра или за 111 евра повеќе од минималната плата во Македонија, а во Црна Гора минималната плата ознесува 600 со 800 евра или за 200 повеќе од минималната плата во Македонија, односно 400 евра повеќе од минималната плата во Македонија.

• Четврта причина е тоа што пратениците покажаа дека, преку ноќ, без расправа и консултации, го сменија Законот за рабтните односи за удоволување на еден синдикат за истиот да стане репрезентативен, како да е најважна репрезентативноста, а не работничките плати, па можат по истата формула да предложат измени на Законот за минимална плата со кои ќе ја зголемат на 500 евра, а за дополнителни 100 евра ќе се зголемат и останатите плати.

• Петта причина е тоа што минималната плата во Македонија е најниска и со најниска вредност не само од земјите во регионот, туку и од земјите во Европската унија, тоа значи дека е на дното на листата со ЕУ земји што имаат национално утврдена минимална плата, а исто така е на дното и од земјите од Балканот.“

Синдикотот понатаму истакнува дека бруто минимална плата во евра (€) во земјите на ЕУ е следната: 1.Луксембург – 2.638, 2.Ирска – 2.282, 3.Холандија – 2.193, 4.Германија – 2.161, 5.Белгија – 2.070, 6.Франција – 1.801, 7.Шпанија – 1.381, 8.Словенија – 1.278, 9.Полска – 1.091, 10.Литванија – 1.038, 11.Португалија – 1.015, 12.Кипар – 1.000, 13.Хрватска – 970, 14.Грција – 968, 15.Малта – 961, 16.Естонија – 886, 17.Чешка (Czechia) – 826, 18.Романија – 814, 19.Словачка – 816, 20.Латвија – 740, 21.Унгарија – 707, 22.Бугарија – 551, а во Македонија – 586 (бруто минимална плата во евра €)“.

Во соопштението на ССМ се вели и дека според куповната моќ (PPS – ПКС) (Паритет на куповна способност), највисоката вредност е 2098 PPS – ПКС Луксембург ( во некои извештаи Германија), а Македонија не спаѓа во ЕУ статистиките за PPS – ПКС на минимална плата, но од податоците на неформалните рангирања (EU и регионот), се оценува дека останува меѓу земјите со најниска куповна моќ, односно најнизок ПКС (Паритет на куповна способност).

„Нагласуваме дека Македонија повторно е на дното, што укажува дека минималната плата и по законското усогласување во март 2025 година, сè уште не овозможува пристоен животен стандард.

Како поткрепа на погоре наведеното, врз основа на јавно достапните информации, највисоко рангирани 5 земји според (PPS – ПКС) вредност се :

1.Луксембург – 2.098, 2.Германија – 1.99, 3.Ирска – 1.874, 4.Холандија – 1.820, 5.Белгија – 1.770, овие земји имаат високи номинални плати и висока куповна моќ, што значи дека работниците таму можат да си дозволат многу повеќе за разлика од работниците во Македонија.

Дополнително, на средина на рангирани земји во ЕУ според (PPS – ПКС) вредност се :

10.Португалија – 1.010, 11.Кипар – 950, 12.Хрватска – 910, 13.Грција – 905, 14.Малта – 899, земји кои имаат просечен баланс помеѓу номинална плата и куповната моќ, а последните 5 земји според (PPS – ПКС) вредност се: 19.Унгарија – 820, 20.Романија – 795, 21.Бугарија – 760, 22.Македонија – 740 (проценета)

Македонија е на последното место според реалната вредност на минималната плата во Европа, односно на дното и покрај обидот за манипулација дека е пред Португалија, Кипар, Грција итн. Ова значи дека иако бруто минималната платата е зголемена со последното усогласување од март 2025 година, сепак, куповната моќ на македонските работници е најниска особено поради растечките трошоци на живот, што упатува на итна потреба од вонредно зголемување на минималната плата во Македонија за најмалку, дополнителни 6.000 денари во нето износ.

 

Укажуваме дека барањето на работниците преку ССМ, за раст на минималната плата во Македонија, е оправдано според сите факти и споредби затоа што минималната плата во Македонија е најниска во споредба со минималната плата во регионото и во ЕУ.“, истакнува ССМ

Барањето на ССМ за зголемување на минималната плата, вели Синдикатот, е оправдано, потребно и одржано, базирано и на споредбите со другите земји, како и на економските и социјалните услови во Македонија, па од тука бараме Собранието на Република Северна Македонија и пратениците веднаш да пристапат кон законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платата за месец август 2025 година, работниците во државата да добиваат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата.

„Очекувањата на работниците од пратениците се да работат во интерес на оние кои што ги бираат, а од Сојузот на синдикатите на Македонија како нивен претставник да ги претставува во преговорите со активните чинители кои можат да придонесат за унапредување на животниот стандард на работниците како и да продолжи со подготовките за изразување на разни форми на работничкото незадоволство и синдикален притисок, а за што одговорноста ќе биде на оние кои немаат разбирање за работничката мака.

Заради распишувањето на локалните избори, имајќи ги во предвид законските ограничувања кои произлегуваат од членот 8-а од Изборниот законик, како народни избраници, односно пратеници избрани од работниците, сметаме дека имате време да покажете дека сте за работнциите и дека работите во нивен интерес.

Сојузот на синдикатите на Македонија преку ова писмо, бара и итна средба со пратеничките групи на која дополнително ќе се разговара за реалната и неминовна потреба за дополнителен, односно вонреден раст на минималната плата со кој истата ќе се зголеми на 500 евра, за да не се случи во Македонија да имаме најниско платени работниците, а највисоко платени функционери во споредба со земјите во регионот и земјите од ЕУ“, истакнува ССМ