Зголемени цените на производителите на индустриски производи


 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 18 отсто на годишно ниво.

Во јули 2022, во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1,0 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 27,1 отсто .

Во јули 2022, во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 16,7 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 49,0 отсто.