Зголемен бројот на случаи на семејно насилство во Грција споредбено со лани


Над 18.000 случаи на семејно насилство биле регистрирани во Грција во првите 10 месеци од годинава, бројка што е речиси двојно поголема споредбено со лани, согласно податоците од полицијата што ги објави грчката новинска агенција АНА-МПА по повод Светскиот ден против насилството врз жените.

Според истите информации, во првите десет месеци од 2023 година биле регистрирани 9.860 случаи, додека во истиот период годинава 18.427, а паралелно зголемен е бројот и на уапсени лица, лани биле 6.453, а од јануари до октомври годинава се уапсени 11.308 лица.

АНА-МПА пишува дека податоците од полицијата покажуваат дека најголем дел од жртвите на семејно насилство се жени, а сторителите мажи.

-Конкретно, во првите десет месеци од 2024 година имавме 5.583 мажи-жртви на семејно насилство и од друга страна, 15.571 жена-жртва. Исто така, во истиот период, мажи-сторители на вакви прекршоци биле 15.413, а жени 3.565, пишува АНА-МПА.

Во дел од полициските станици во Грција постојат специјални канцеларии за справување со семејно насилство, а во земјата веќе 20 функционира специјалната апликација „Panic Button“ за помош на жени жртви на семејно насилство.