Земјотрес во Албанија со интензитет од 4,3 степени по Рихтер


 Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтер, вечерва е регистриран во албанскиот приморски град Валона.  Потресот е почувствуван во 19:29 часот со епицентар во местото Вајза,  округ Валона, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета.