Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди Тексас

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди западната американска држава Тексас.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 1:47 часот по локално време, на 74 километри североисточно од тексашкиот град Ван Хорн и 189 километри источно од мексиканскиот град Сиудад Хуарез со епицентар на длабочина од 10 километри.
Засега нема извештаи за жртви ниту за причинета материјална штета.