Земјотрес почувствуван во Битола и околината


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 05 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје
Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.