Земјотрес од 7,1 степен кај Филипини, има опасност од цунами


Земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер ги погоди Филипини. Локалните власти веќе дадоа предупредување за цунами, пренесува Спутник интернационалl.

Според податоците што ги објави американската геолошка служба (USGS) потресот бил на длабочина од 50 километри на оддалеченост од само 66 километри југоисточно од Бобон на Филипини.